Веќе неколку изминати саботи, кафе барот Сквер Гарден, што се наоѓа спроти Центарот за култура во Куманово, организира вечерни забави за сограѓани со над 35 годишна возраст.
Оваа сабота, на 16ти Февруари, Сквер Гарден оди чекор подалеку во своите идеи. Така, под мотото „Нов живот к’т се роди – ти се препороди“, журката ќе биде со единствена и благородна цел: средствата од промет да се донираат на градската болница, поточно на акушерското одделение кое има потреба од прочистувачи на воздух за новороденчињата.
Ако сме осудени да дишеме отрови подоцна, барем првиот контакт на бебињата со овој свет да им биде чист воздух, како охрабрување и добар старт во животот – размислуваат во Сквер Гарден и додаваат: кумановци се уморни од чекање некое министерство да одреди како и колку треба да ни биде убаво во градот. Затоа, вие кои сте во зрело доба, дојдете во сабота на пиво кое дава надеж за нов живот. Муабетот е гратис.
Ккао викамо ми: едно видување – ед’н век!


