Со хеликоптер прелета 200 километри за својот омилен сендвич, среде карантин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Деновиве на интернет кружи видео од човек како доаѓа со хеликоптер да го земе својот сендвич во ресторан во Манчестер.

Loading...

Сепак, бидејќи тоа го правел додека мерките биле на сила, тој во моментов е под полициска истрага затоа што го прекршил локдаунот.

Целиот настан се случил за време на првиот карантин, додека мерките за ограничување на движењето биле на сила, па човекот од Манчестер решил да лета 200 километри со хеликоптер, се со цел да ужива во својот омилен сендвич, пренесува „Мирор“.

На Инстаграм е објавено видео на кое јасно се гледа како работник од ресторан му носи сендвич на пилотот на хеликоптер со опис: „Кога вашите клиенти буквално долетуваат да го земат својот омилен сендвич“.

Британецот во моментов е под полициска истрага за кршење на мерките.

 

Leave a Reply