Со фалсификувана швајцарска дозвола се обидел да влезе преку ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен српски државјанин вчера бил приведен на ГП Табановце бидејќи приложил фалсификувана швајцарска возачка дозвола.

Loading...

– Вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат.

– По консултација со надлежен ОЈО В.А. поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело  – „фалсификување исправа“ – по член 378 став 1 од КЗ, е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово ќе гони Бразилец за шверц на природни реткости

Никола Ивановски