Со фалсификуван идентификациски број на „Ауди А8“ се обидел да премине на ГП Табановце
On:
Сподели со своите пријатели
На 30.05.2017 година во 11.00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола и контрола на патничко моторно возило марка ,,Ауди A8“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.Б. (50) од Република Албанија, било утврдено дека возилото е фалсификувано во делот на идентификацискиот број, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во 13.00 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.