Со есенската сеидба во Крива Паланка и Ранковце засеани вкупно 1.670 хектари

Сподели со своите пријатели

Со планот за есенска сеидба на житни култури на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, извршена е сеидба на 1.670 хектари земјоделска површина.

Поголем дел од површината е засеана од страна на индивидуални земјоделски производители и тоа 1.450 хектари, додека 220 хектари се засеани од страна на земјоделски претпријатија.

Според податоците од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Крива Паланка, доставени до министерството, од страна на надлежниот Сектор за полјоделство при МЗШВ информираат дека планот за есенска сеидба во двете општини е реализиран сто отсто, а најголема површина е засеана со јачмен, и тоа 820 хектари, од кои 700 хектари се засеани од страна на индивидуални земјоделци, додека 120 од страна на земјоделски стопанства.

Пченица е засеана на 700 хектари, а од нив, 600 васеале индивидуалните земјоделци и 100 хектари, стопанствата.

Со р’ж се засеани 70 хектари, сите од страна на индивидуални земјоделски производители,кои засеале и останати житни култури на површина од 80 хектари.

Извор: МИА