Властите во САД уапсија 11 лица осомничени дека користеле дронови за шверц на дрога во затвор во Западна Вирџинија.
Дванаесеттиот осомничен, кој побегнал од полицијата, подоцна бил пронајден мртов, пишува ABC News.
Шерифот на округот Мекдауел, Џејмс Мунси, во петокот рече дека неговата канцеларија била контактирана во ноември од официјални лица во Федералниот затвор Мекдауел во Велч за зголемената употреба на беспилотни летала во областа.
При истрагата било откриено дека се работи за шверц на нелегални супстанци.
Манси не кажа за каква дрога се работи, ниту пак кажа дали меѓу уапсените има затвореници.
Меѓу осомничените беше и маж од Луисвил кој бегаше од полицијата на 9 февруари.
Полицајците го пронашле мртов на 15 февруари, а неговото тело било испратено на обдукција.
„Еден од уапсените осомничени е малолетник“, рече Мунси.