Со дрога, полски државјанин се обидел да влезе преку ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен државјанин на Полска вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, бидејќи се обидел да внесе дрога во Македонија.

Loading...

– Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при  влез во РСМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на мигранти од Египет во кумановско (ФОТО)

Пронајдената дрога, како што додаваат од полицијата, со потврда за одземени предмети е одземена од лицето кое што е предадено на полициски службеници пшри СВР Куманово за понатамошна постапка согласно член 215 од КЗ на РСМ.

Никола Ивановски