Еден Италијанец го овековечил моментот кој го растажи светот. Кога видел старец како седи покрај морето со една урамена фотографија и плаче, не му било јасно за што се работи. Кога се доближил, сфатил дека тој тагува за починатата сопруга.
Тој е тажен што таа повеќе не е со него и што не можат заедно да уживаат во погледот, во мирисот на морето и топлината. Од тие причини со нејзината слика оди крај морето за да ја доближи до убавината во која сега се наоѓа сам.
Фотографијата веднаш потикна бројни корисници на социјалните мрежи да ја споделат и да остават свој коментар сочувствувајќи со овој човек.
Loading...