Со денови гори во липковско Виштица, ќе се бара воздушна интервенција

Сподели со своите пријатели

Веќе неколку дена гори ниска вегетација и деградирана шума во липковското село Виштица.

Loading...

Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за многу непристапен терен каде пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово не можат да интервенрираат.

Според најавите, од тие причини, денеска ќе се бара воздушна интервенција.

Вчра интервенирале двајца вработи на Шумско стопанство – подружница Куманово, но пожарот и натаму останал активен.

За денеска од претпријатието има најави дека ќе ангажираат поголем број вработени во негово гаснење, стои во информацијата на РЦУК.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово