Микејла Холмгрен (22) е единствената девојка со Даунов синдром која стигна до финале на државното натпреварување за Мис на САД. За натпреварувањето се подготвувала долго, а во конкуренцијата останала до самото финале.
Не само што учествувала туку освоила и две титули: Мис шарм на САД и Награда од жири комисијата.
https://www.instagram.com/p/BcBmabeDBDu/
– Бев навистина шокирана,плачев. Напредував од изборот за убавина на луѓето со посебни потреби до најголемото натпреварување во светот. Тоа е помалку лудо, рекла таа.
Настапите пред луѓето не и се непознати, од својата шеста година игра, но овој избор и бил најголемиот предизвик досега.
https://www.instagram.com/p/Bb8ttMKjWYH/
– Сакам на сите да им покажам што значи инклузија, дека некој со посебни потреби може да си ги оствари соништата, рекла мисицата.
Освен што победила на натпреварувањето за убавина, Микејла е амбасадорка на непрофитната организација „Best Buddies“ која се залага за подобрување на животите на луѓето со интелектуални и развојни инвалидитети.
https://www.instagram.com/p/Bb8sr32jyDj/

