Со богата програма ќе се одбележи Денот на градот (видео)

Сподели со своите пријатели

Со богата програма од културни и спортски манифестации започна одбележувањето на 11 Ноември, Денот на ослободување на град Куманово. По тој повод вчеравечер беше одржана и претставата „Шути и рогати“ во изведба на Друштвото на пензионери „Ѓоко Симоновски“, а истата продолжува веќе во сабота со низа манифестации.

Денес на прес конференција првиот човек на Општина Куманово ја претстави целосната програма која ќе трае цела недела.

На пети ноември отварање на турнир во пунг-понг, Гимназија „Гоце Делчев“, 5 ноември има Меѓународен ММА турнир, кик-бокс Куманово во Спортската сала во 19 часот еден турнир кој прв пат го воведуваме бидејќи имаме голем процент на млаид луѓе кои се бават со боречките спортови организираме кик-бокс турнир во Спортската сала со почеток во 19 часот. Ги повикувам граѓаните кои се љубители на боречките вештини да присуствуваат на тој турнир. На 6ти ноември имаме семинар на боречки вештини аикидо кој ќе се одржи во „Перо Наков“ училиштето исто така покровителство и поддршка од Советот и Општина Куманово. На 7ми ноември имаме во градскиот базен пливачки клуб Аква и СУС, затворен базен 18 часот, натпревар, прва трка, прво натпреварување во пливачки спортови и ќе имаме и гости од Марибор градоначалникот и од Нови Сад, потпишување на меморандум по тој повод ќе го направиме турнирот во пливачкиот спорт во еден од најубавите објекти пуштени оваа година во употреба – рече градоначалникот Дамјановски.

dsc_0084

Програмата продолжува на 9 ноември со турнир во мал фудбал „Пехар на градоначалникот“ во Спортската сала во Куманово, како и ликовна изложба Карпино 2016 во холот на Центарот за култура Трајко Прокопиев.

Една новина на 10 ноември прв пат послемислам независна Македонија, односно во поновата историја на Македонија, бидејќи ова беше традиција во поновиот систем, „11 Ноември“, почеток во 18 часот пред Хотел Кристал, ќе има пет километарска трка и тука ќе бидат и доделени наградите на самата бина. 10 ноември ликовна изложба на кумановски ликовни уметници, една традиција долга 40 години, како и секоја година – додава Дамјановски.

Со голем концерт на српската група „Милиграм“ во 21 часот на 10 ноември и спектакуларен огномет ќе продолжи забавата за младите, а новитет оваа година е што угостителските објекти ќе имаат можност да работат два дена со неограничено работно време, поточно на 11ти и 12ти ноември.

Два дена ќе имаат право кафиќите со одлука на Советот да ги се даде да работат непрекинато со нивна организација на музика, диџеи, рокери, зависно од љубителиет на која од овие музики користат, така да позначајните кафиќи имаат шанса еве прв пат да воведеме една нова традиција по повод нашиот најзначаен празник, ослободувањ на Куманово. Ние ќе донесеме одлука, нема да има надокнада за продолжување на работното време, а самите угостители ќе си го организираат тој хепенинг – вели Дамјановски.

Главната манифестација на празникот ќе биде на 11 Ноември со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница, по што ќе следува и Свечената седница на Советот на Општината.