Со богата програма ќе се одбележат 506 години Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со музика за сечиј вкус, од локални артисти до најголемите музички имиња од македонската естрада, во понеделник на плоштадот во Куманово ќе се одбележат 506 години постоење на градот и 81 година од неговото ослободување од фашистичката окупација.

 

 

Како што брифираше денеска директорката на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, Сања Давидовиќ ќе бидат организирани повеќе културно-уметнички и спортски настани.

– Програмата е богата и е за сечиј вкус, за сите генерации. Се состои од повеќе спортски активности, промоции на книги и концерти, а најважно за одбележување на празникот 11 Ноември е мегаконцертот кој ќе се одржи на 10ти ноември на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, изјави Давидовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Успешна недела за ТК „Тумба“ – успех на ветеранките и младинците (ФОТО)

 

 

Концертот ќе го отвори локалниот изведувач Лука Чомбе, по него ќе следуваат Еда Јакупи и Бесим Мифтари, исто така од Куманово. Вториот дел од концертот ќе го отвори Калиопи, а ќе го затворат Слаткаристика и Тони Зен.

– На 11 ноември, на Спомен Костурница ќе има чествување на празникот и оддавање почит на загинатите борци со положување свежо цвеќе каде делегации од Општина Куманово, Советот на Општина Куманово, делегации од амбасадите во Македонија, збратимени градови, ќе положат свежо цвеќе. Во 12 часот за прв пат ќе се одржи свечена седница во салата на Занаетчискиот дом со богата културно-уметничка програма, додаде Давидовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува изградбата на инфраструктурата во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Ноемвриските награди, како што појасни раководителот на Секторот за култура Александар Крстевски, годинава нема да бидат доделени, поради изборниот процес.

– Бевме во изборен процес. Нашите советници се уште ги немаат добиено од изборната комисија решенијата, со оглед на тоа нема да имаме награди, но затоа градоначалникот ќе додели благодарници за сите значајни личности од Општина Куманово. Има премногу и спортски и културни настани и изложби, целата месечна програма започнува на 3ти ноември и завршува на 28ми ноември, додаде Крстевски.

 

 

За програмата од Буџетот на Општина Куманово се издвоени вкупно 2 милиони денари.

Никола Ивановски