Со бензин испрскал „јагуар“ и „ауди“ во Долно Којнаре, избегал пред да ги запали

Сподели со своите пријатели

Непознато лице со бензин испрскало две возила во населбата Долно Којнаре во Куманово, а откако не успеало да ги запали избегало.

– На 13.09.2025 во 04:32 часот во СВР Куманово, Г.Ѓ. пријавил дека  во неговото дворно место  во с.Долно Којнаре, кумановско, едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали, но откако реагирал побегнало и не успеало во намерата, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување и документирање на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претреси кај две лица во Куманово, со дрон ја снимале зградата на полицијата