Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со 700.000 ервра поддршка од Владата, Општина Куманово ќе го реконструира спортскиот комплекс Соколана.

 

 

Ова денеска го најавија премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Максим Димитриевкси кои беа во посета на една од насјтарите затворени спортски сали во државата.

 

 

Според градоначалникот досега општината има вложено околу половина милион евра во реконструкција на објектот, но и на паркот Соколана, како и спортските терени.

– Побаравме и наидовме на разбирање од Владата да се обезбедат дополнителни 700 илјади евра за завршување на овој објект, повторно ставање во негова функција, бидејќи тоа е нашата кумановска гордост, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Околу 12 милиони евра вложуваме во Куманово за инфраструктурни проекти

 

 

Објектот, појасни Димитриевски, ќе се реконструира и ќе остане ист како што бил некогаш, а во соработка со Конзерваторскиот центар.

 

 

Тој изрази уверување дека објектот до крајот на следната година ќе биде целосно завршен и ќе го врати некогашниот сјај.

 

 

Премиерот Мицкоски изрази честитки за досега сработеното и упати ветување дека ќе продолжи соработката во идниот период, меѓу другото и на реконструкција на Соколана.

– За неговата работа како градоначалник можев да се уверам и од оние сведочења коишто ги пренесоа сопствениците или стопанствениците коишто претходно ги посетивме во двата стопански објекта, коишто претходеа на посетата на овој објект таканаречен „Соколана“.  Тие навистина кажаа, би рекол, исклучително вонредни позитивни коментари за тоа што сè Општината, градоначалникот и администрацијата прават за нивните инвестиции да бидат поуспешни, рече премиерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец лани

 

 

Како Влада, вели, ќе направат се што е во нивна моќ да ги поддржат иницијативите на градот и граѓаните да добијат повеќе проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот.

– Еве градоначалникот конкретно за овој објект објасни, околу 700 илјади евра ќе чини реконструкцијата на објектот и враќање во првобитната положба.  Проектот е изработен, останува уште ние како Влада да ги обезбедиме средствата, во што сум сигурен, средствата ќе бидат обезбедени и ќе почне реконструкцијата на овој објект, додаде премиерот Мицкоски.

 

 

Во меѓувреме Мицкоски и Димитриевски остварија посета на дистрибутивниот центар на ЛИДЛ, компанијата БДА Компани, ќе го посетат Театарот кој е во фаза на реконструкција и ќе испијат заедничко попладневно кафе во центарот на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски и Димитриевски во посета на ЛИДЛ во Речица (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски