Во рамките на 21-то коло од домашната кошаркарска лига Кошаркарскиот клуб Куманово вчеравечер со 42 поени разлика ги совлада играчите на КК Бест од Гевгелија, односно со резултат 115:73.
[huge_it_gallery id=”324″]
Апсолутната доминација за кумановци овозможи запишување на 14-та победа оваа сезона во првентсвото, а секако предводени од Трајковски и Сомоновски без проблеми го полнеа кошот на гостинот, па веќе на полувремето имаа предност од 29 поени (57:28) која до крајот само постојатно растеше.