Со 30 поени разлика КК Куманово го декласираше АВ Охрид

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово со 30 поени разлика брилираше на натпреварот против АВ Охрид во рамктие на третото коло од домашното кошаркарско првенство.

Иако кошаркарите на Охрид најавија резултатска неизвесност со оглед дека првата четвртина ја завршија со два поени предност пред кумановци со резултат 22:20. За да потоа во втората четвртина избраниците на Србиновски дадат свој максимум со 19:38 за предност од седум поени на полувремето со резултат 48:41.

Добрата игра на сино-белите продолжи и во третиот дел од натпреварот кога со постигнати поени кошаркарите на Куманово дојдоа до водство од 12 поени, односно резултат 54:66, за да во последната четвртина од средбата кумановци го дадат максимумот и однесат победа со 30 поени разлика, односно краен резултат 66:96.

Со 21 поен најдобар во редовите на сино-белиот состав беше Данило Мијатовиќ со 21 поен, а веднаш по него со 20 брилираше и капитенот на екипата Александар Костоски. Кај гостите пак најдобар беше Милојко Васиљевиќ со 27 поени.

КК Куманово моментално се наоѓа на врвот на табелата во домашниот шампионат со две победени и една загубена средба, а следниот натпревар ги очекува веќе во сабота на домашен терен против екипата на Пелистер.

фото: архива

Loading...