Индонезиската влада објави дека во својот буџет за 2024 година ќе издвои 2,7 милијарди долари за изградба на нов главен град.
Loading...
Кабинетот на претседателот и десетина станбени блокови за работниците треба да бидат завршени следната година, пренесува Ројтерс.
Индонезиската влада веќе инвестираше околу 2 милијарди долари во изградба на инфраструктура, вклучувајќи брана и патарина.
Дванаесет од 47 станбени блокови треба да бидат изградени до јули следната година, еден месец пред владата да ја одржи првата церемонија на Денот на независноста во новиот главен град.
Се очекува новиот град да биде изграден до крајот на 2045 година, а целиот проект да чини околу 32 милијарди долари, пренесува Танјуг.