Новата 2018 година најпрви ја дочекаа жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибат и тоа во 11 часот по средноевропско време. Новата година потоа пристигна и на Нов Зелант, а потоа и во делови од Русија. Потоа следуваше вистински спектакл во Сиднеј.
На Нов Зеланд, каде сега е лето, десетина илјади жители излегоа на плажите и улиците и меѓу првите ја дочекаа 2018 година, со огномет од кулата Скај, висок 200 метри.
Еден од најубавите новогодишни огномети го гледаа граѓаните во Австралија.
Loading...
Така веќе напладне, по локално време, зпаочнаа да ги заземаат најдобрите места во сидејското пристаниште, за да имаат што подобар поглед на овој спектакл.
Сиднеј оваа година имал над милиони посетители кои уживаа во 15-минутен визуелен спектакл над Опера.
Безбедноста била на високо ниво.
Три часа пред полноќ во Сиднеј е приреден и т.н. „семеен спектакл“, кој бил само вовед во она што можеле да го видат на полноќ.
Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нијуе во јужниот дел од Пацифичкиот океан, по што кај нив 2018, според средноевропско време, ќе пристигне дури утре.