Со 20.000 евра сакал да го ослободи синот од затвор, но бил измамен
On:
Сподели со своите пријатели
На 14.11.2016 година во 13.50 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Б. (68) од село Отља, кумановско, пријавил дека во текот на месец јули 2016 година од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од 20.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На една средба во ресторан во село Сарај со Т.Б, ќерка на пријавителот и со нејзина другарка пријавениот Н.М. им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово и доколку им затребал истите можеле да го побараат. Тогаш Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, на што тој им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат.
По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Т.Б. на Н.Б. му кажала дека се потребни поголема сума на пари за ослободување на Б.Б., за што тој прифатил и одвоил 20.000 евра, кои му ги дале на Н.М.
Кога Н.Б. во месец септември отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека до сега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал.
Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра.