Кошаркарите на Куманово вчеравечер на домашен терен го совладаа составот на бугарскиот Берое со резултат 82:72 во рамките на четвртото коло од БИБЛ лигата.
Loading...
По добриот старт со 4-0 и мала разлика во водството завршија и првите десет минути од натпреварот со резултат од 16-13, но избраниците на тренерто Србиновски паднаа во вториот период кога две и пол минути не постигнаа погодок, што бугарскиот тим го искористи да направи предност од шест поени и да доведе до пресврт во резултатот.
Третата четвртина беше скоро во секој дел израмнета и немаше поголема предност кај двете екипи, но веќе во последниот дел од натпреварот сино-белиот состав даде се од себе и направи вистински триумф. За три минути домашниот состав направи серија од 10-2 и дојде до двоцифрена предност која ја задржа и до самиот крај на натпреварот.
Loading...
Вкупно 14 тројки реализираа домашните играчи, а за нив еден од најзаслужните е македонскиот репрезентативец Марјан Јанески кој забележа 26 поени, 9 скока, пет асистенции, три украдени топки и вкупно шест од 11 погодоци за тројка. Со исто толку тројки и 20 поени брилираше и капитенот Александар Костоски, а во златната тројка свое место со 35 минути на теренот и 17 поени обезбеди и Данило Мијатовиќ.
Важна е играта, тоа во првиот период не беше на најдобро ниво, влегоа во грч, дали ладна сала, дали многу мал број на кошови и кај противничката екипа и кај нас, во второто полувреме бесме стварно прави зигуравме во одбрана, нападот функциионираше како што се договоривме во полувреме, одговоривме на нивната агресивна одбрана, честитки за борбата во второто полувреме, првото кажав не беше како што треба, но добро ќе работиме на тие грешки битно е дека го продолживме победничкиот низ и ја чекаме следната утакмица – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.
Почнавме многу лошо, они почнаа многу поагресивно од нас и прво полувреме го изигравме ептен лошо, после второто со тактика се договоривме како ќе играме и лошо го бране пикот и тука ги победивме. Клучот за се мислам дека многу тројки им дадовме, не знам колку се, ама тоа е и добра публика – вели Марјан Јаневски, кошаркар на КК Куманово.
Во гостинскиот состав најдобар беше Гибсон со вкупно 19 поени.
Првин сакам да честитам на екипата на Куманово за победата, мислам дека разликата е тоа што во второто полувреме дадоа девет пати повеќе тројки и мислам дека таму е таа разлика. Ние имавме повредени играчи и тоа е наш проблем во овој момент, имавме полош процент на шутови отколку просечно и затоа дадовме само 72 поени – вели Љубомир Минчев, тренер на КК Берое.
Loading...
Со победата над Берое, КК Куманово се наоѓа на самиот врв во табелата во А групата со оесум бода реализирани преку четири победи и ниту еден забележан пораз, додека бугарскиот состав со исто толку поени но одиграни пет меча од кои два со пораз се наоѓаат на втората позиција.
Кумановци следниот меч го играат на гостински терен веќе на 22 месецов кога гостуваат во Црна Гора кај Теодо.