Со 102 години стана најстариот скокач од авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Австралијката Ајрин О’Шеј има 102 години не дозволила староста да ја спречи по трет пат да скокне од авион.

Прабабата Ајрин пред четири дена се качила во авион. Врзана за својот инструктор, скокнала од 4.300 метри надморска височина, а за тоа имала добра причина.

Откако ќерката и починала од болест на моторните неврони пред десет години, Ајрин сакала да ја подигне свеста на луѓето и да собере средства за понатамошните истражувања на тоа заболување.

Така одлучила дека за Здружениото за моторни невронски болести Јужна Австралија ќе скока од авион. Ова бил нејзиниот трет скок, додека првиот бил за 100. роденден.

Ајрин и нејзиниот инструктор лесно и убаво паѓале низ облаците пред да се отвори падобранот, пренесуваат астралиските медиуми.

Потоа продолжиле да крстарат по прекрасно небо, уживајќи во погледите на природата и езерото. Во подножјето Ајрин во прегратка ја дочекале нејзините внуци и правнуци.

– Што се однесува до мене, јас сум иста како и сите останати – само нормална личност, рекла за Канал 9.

Така Ајрин станала најстара личност на светот која скокнала од авион на 102 години и 194 дена.

Пред неа таа позиција ја имаше Кенет Маер, кој кога скокнал од авионот имал 102 години и 172 дена.

Leave a Reply