Поранешниот припадник на американските специјални служби Едвард Сноуден доби руски пасош и положи заклетва, објави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
Сопругата на Сноуден исто така поднесе барање за руско државјанство, рече тој.
Кучерена додаде дека неодамна се сретнал со Сноуден, и дека со него „се е во ред“.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ за доделување руско државјанство на американскиот свиркач и поранешен разузнавач Едвард Сноуден.
Сноуден уште во 2020 година поднесе барање за двојно американско-руско државјанство, нагласувајќи дека ќе продолжи да биде Американец кој едвај го чека денот кога ќе се врати дома.
Инаку, Стејт департментот неодамна проговори за Сноуден, а портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Нед Прајс изјави дека тој треба да се врати во САД и да му се суди како и секој друг американски државјанин.