Снимка што ги прикажува ужасите на војната: Урнати згради и чад над градот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Западните медиуми објавија видео од целосно уништениот град Бородјанка, кој се наоѓа на 60 километри од Киев.

На видеото се гледаат уништените згради, од кои повеќето сè уште горат, како и фактот дека целиот град е покриен со густ облак чад.

Исто така, на видеото направено со дрон се гледаат руски воени возила кои влегле во овој украински град.

 

РУСКИ ВОЈНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО НИКОЛАЕВ: Борби се водат во делови од градот

 

Да потсетиме, со одлука на претседателот на Русија, Владимир Путин, пред точно осум дена започна нападот на руската армија врз таа земја.

Оттогаш, гранатирање е забележано во повеќето градови на истокот и југот, но и во главниот град Киев и вториот по големина украински град Харков.

Ноќта меѓу четвртокот и петокот на мета беше и нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, по што избувна пожар во нуклеарната централа.