Снимка од поплавениот Њујорк стана вирална: Луѓето не веруваат што прави овој лик (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вонредна состојба е прогласена во Њујорк поради поројниот дожд и поплави, и додека властите ги молат луѓето да не ги напуштаат своите домови, а многумина мораа да бидат спасени од порој, некои ја искористија бурата за забава.

Loading...

На Твитер се појави снимка од Њујорчанец како лежи на душек и пуши наргиле.

„Кога животот ви дава лимони, правите лимонада“, се пошегуваа твитерџиите кога се појави снимката.

Наводно, необичната сцена е снимена во Бронкс.

 

Забрана за патување, суспендирани градските подземни линии…

Инаку, во Њујорк е во сила забрана за патување, возилата што не се итни не смеат да бидат на пат, речиси сите градски линии на метрото се суспендирани.

Loading...

Според Си – Ен – Ен, тоа се остатоците од ураганот Ида, поради што спасувачите имаат полни раце работа во градот.

„Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата“, напиша градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио на Твитер.

„Ни претстојат тешки неколку часа. Никогаш не сум видел толку многу дожд да паѓа за толку кратко време”, додаде тој.

Градоначалникот на Њујорк ги повика луѓето да не излегуваат.

„Ве молиме, останете надвор од улиците вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа. Ако размислувате да излезете, немојте. Останете подалеку од метрото. Излезете од патиштата. Не возете во ова лошо време. Останете дома “, напиша тој на Твитер