Вознемирувачка снимка прикажува колонија преплашени фоки кои скокаат од карпите за да избегаат од група британски туристи. На снимката мже да се види како фоките очајнички се фрлаат од пет метри височина во обид да дојдат до морето и повторно да бидат на безбедно.
Експертите предупредуваат дека фоките се во голема опасност затоа што при падот можат да ги искршат перките, поради што нема да бидат во можност да пливаат и да ловат храна. Видеото е снимено на Островот на Света Мери во Велика Британија, каде група туристи со блицови од фотоапаратите и галамење внесоа вистински страв меѓу овие животни. Експертите сега апелираат на постителите на островот да ги набљудуваат фоките во тишина од блискиот светилник.
Иако поголемиот дел од луѓето покажуваат почитување кон фоките, секогаш има и такви кои несвесно доаѓаат со намера да ги вознемират животните.
„Вакво однесување на туристите може драстично да ги намали шансите за опстанок на фоките со оглед на тоа дека можнат апојава на повреди при падот би била голема“ – велат експертите.
Everyone should respect animals. Tourists included. https://t.co/iqFbkOZE1i via @DailyMailUK pic.twitter.com/ZC6bwHRutX
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 6, 2017
Loading...