Во многу американски градови во последно време, сосема е „нормално“ да се видат наркомани на улица. Еден од тие градови е и Ворчестер, Масечусец. Видеот снимката леди крв во вените. Предупредување за младите да не земаат дрога.
Снимката е направена од мештанин кој е менаџер за неколку згради во тој крај. Снимката е застрашувачка и не можете да останете рамнодушни додека го гледате однесувањето на оваа млада личност која се движи како зомби, но воедно е и одлично предупредување на младите што се случува во тие отсутни моменти по земањето дрога.
Психоактивна супстанца е секоја материја која кога ќе се внесе во организмот менува една или повеќе психички функции. Психички фунцкии се : мислење, памтење, внимание, учење, емоции. Во жаргон овие супстанци се дрога, наркотик и слично.
Зависноста од психоактивната супстанца се карактеризира со: силна желба, неодоливапотреба за набавка и земање дрога, зголемување на количината на земена дрога, физичка зависност, психичка зависност, штетни здравствени последици и пореметување во социјалното и професионалното функционирање. Личноста која има најмалку 3 до 6 од наведените тегоби во последната година ги исполнува медицинските критериуми за дијагноза на зависност.
Психичка зависност претставува неодолива потреба и желба за ваква супстанца.
Физичка зависност значи дека многу ткива и клетки во организмот се навикнале на супстанцата. Во случај да ја нема, доаѓа до апстиненцијална криза.
Апстиненцијална криза е тешка состојба во која организмот „пати“ при недостаток на супстанцијата. Во најтежок случај (кај хероинска зависност) се јавува: потење, мачнини, повраќање, изразена болка во зглобовите и мускулите, грчеви, ретка столица и слично. При кризата не може да дојде до смрт, но претставува огромно патење за личноста и организмот.
Земањето било каква дрога или лекови може да го загрози здравјето и животот, но особено е опасно нивното мешање затоа што не може да се претпостави како супстанциите меѓусебно ќе дејствуваат.