СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

Сподели со своите пријатели

Елизабет Линде од Њујорк како мала верувала дека еден ден ќе се омажи во прекрасна бела венчаница со долг вез, но не ни сонувала дека ќе прошета низ болница за да стигне до олтарот.

Loading...

Девојката со овој чин ја исполни последната желба на нејзиниот татко Стјуарт кој сакал да присуствува на нејзината свадба.

За жал, по само два дена од свадбениот чин, таткото починал во болница од дијагноза на малигнен мезотелиом.

 

@elisabeth3744 the saddest and happiest day of my life 💔 #bride #marriage #weddingtiktok #strong #brave #loveislove ♬ a thousand years – Christina Perri

 

Церемонијата се одржа на 4 јуни 2023 година, кога девојката ненадејно решила да се омажи пред закажаната свадба за да му дозволи на својот болен татко да ја види во венчаница и да присуствува на важниот чин.

Нејзината најголема желба била татко ѝ да биде до неа кога ќе го каже судбоносното „да“, кое и се остварило.

Loading...

 

@elisabeth3744 Replying to @Bloomingbellies3D part 2 of my wedding story #bride #marriage #weddingtiktok #strong #brave #grief #love #husbandandwife #dad ♬ original sound – elis_linde12

 

Стјуарт итно бил пренесен во Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг каде што починал.

Неколку месеци откако го загубила својот татко, 31-годишната Елизабет реши на социјалните мрежи да го сподели својот „најтажен момент во животот“.

 

@elisabeth3744 Replying to @Ada Rivera my favorite moment ❤️ #grief #loss #dad #father #wedding #bride #groom #love #missyousomuch ♬ original sound – elis_linde12

 

Loading...

Видеото од болницата стана вирално и за неколку дена собра десетици милиони прегледи.

Ден пред да почине нејзиниот татко, таа и нејзиниот сопруг Девин направиле уште еден гест за да му се заблагодарат на 56-годишниот маж.

„Татко ми имаше три ќерки и секогаш сакаше син за да го задржи неговото презиме. Затоа побаравме дозвола да го земеме презимето Линда за мојот син да ја преземе оваа улога”, рекла Елизабет.

Бидејќи болничкото опкружување не е секогаш идеално за романтична венчавка, денес Елизабет верува дека на крајот сè испаднало баш како што требало.

„Тоа беше посебен и убав начин да го почестам татко ми“, изјави Елизабет за медиумите.