Снимен момент од падот на авионот во Индија (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Авион на „Ер Индија“ се урна денес во близина на аеродромот во Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат.

Несреќата се случила за време на полетувањето, а „Боинг 787“ се упатил кон Лондон.

Во авионот имало 242 патници.

Авионот се запалил по несреќата, а противпожарните екипи брзо се упатиле кон местото на настанот за да го изгаснат пожарот.

Густ облак од чад се издигал од просториите на аеродромот.

Најмалку седум противпожарни возила пристигнале на местото на несреќата. На лице место има неколку амбулантни возила.

Предупредување: Видеото може да биде вознемирувачко.

 

Loading...