Снежната бура што зафати голем дел од централниот дел на САД денеска затвори делови од два меѓудржавни автопати.
Loading...
Училиштата и владините канцеларии исто така беа затворени во неколку американски држави.
Се очекува дека од 20 до 30 сантиметри снег ќе падне во делови од американските сојузни држави Колорадо, Мичиген, Канзас, Небраска, Ајова, Мисури и Илиноис, објавија метеоролошките служби, пренесува АП.
Според извештаите, во понеделникот паднале околу 19 сантиметри снег во градот Атол, Канзас.