На едно избирачко место во Куманово е прекинато гласањето поради немање струја, информираа од Државната изборна комисија.
Станува збор за избирачкото место број 1133 во селото Живиње каде се запишани 12 гласачи.
Нема да има прекин на гласањето, туку ќе се одвива без биометриска идентификација
„Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа одлучивме на ова избирачко место гласањето да продолжи со користење на УВ спреј и УВ ламба“, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.
Никола Ивановски