Смртоносен напад врз амбасадата на Азербејџан во Иран

Сподели со своите пријатели

Еден чувар е убиен во вооружен напад на амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа кавкаска земја.

Loading...

Неколку лица се ранети во нападот што се случи во петокот, јавуваат азербејџанските државни медиуми.

„Напаѓачот го пробил обезбедувањето, го убил шефот на обезбедувањето на амбасадата и бил вооружен со автоматска пушка „Калашников“, се вели во соопштението на Министерството, пренесено од Ројтерс.

Азербејџанската агенција Тренд јавува дека две лица се ранети, а напаѓачот е фатен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари