Смртноста од ковид-19 во постојан пад пет години по избивањето на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Пет години по избивањето на пандемијата на корона вирусот, стапката на смртност од вирусот Ковид-19 постојано се намалува, објави Светската здравствена организација во Женева.

Loading...

Додека четвртина од хоспитализираните со вирусот починале во јуни 2021 година, таа бројка сега е намалена на еден од 25, вели СЗО.

До денес, според податоците на тоа тело на ОН, во светот се регистрирани речиси 777 милиони случаи на Ковид-19, а 7 милиони луѓе починале во 234 земји.

Пандемијата го достигна својот врв во 2020, 2021 и 2022 година.

Оваа година, од средината на октомври до средината на ноември, 77 земји пријавија случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Бандити пукаа во новинари за време на отворањето на болница во главниот град

Според СЗО, долгорочниот ковид сè уште е голем проблем.

Сегашните бројки покажуваат дека болеста се јавува во 6 проценти од сите случаи на таа болест од тој вирус.

Вакцинацијата обезбедува ефикасна заштита во намалувањето на веројатноста за долгорочни последици, велат од организацијата.

Loading...

Вирусот продолжува да циркулира, повремено предизвикувајќи тешка болест.

Значително намалување на тестирањето значи помала способност за СЗО да го следи ширењето, сериозноста и потенцијалните промени на вирусот ефикасно како порано.