Над 1,4 милиони деца во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Хемен нема да ги преживеат следните шест месеци ако светот итно не помогне, предупредуваат агенциите на Обединетите нации. Над 270.000 деца се сериозно прегладнети.
Повеќе од 20 милиони луѓе и 1,4 милиони ддеца во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен би можеле да не го доживеат летото поради гладот доколку надворешниот свет итно не им помогне, предупреди Антони Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ. Зафатени со решавањето на сириската и другите блискоисточни кризи, меѓународната заедница слабо реагира на смрта од глад која вреба од северот на Нигерија до Аденскиот залив, скептично проценува „Волстрит журнал“.
Со почетокот на годината, ООН од донаторите побарале 1,6 милијарди долари за хуманитарна помош во сушни и воено загрозени делови од Јужен Судан. До сега донаторите обезбедиле 14,4 милиони долари, т.е. 0,9% од бараната сума.
Loading...