Жена која знаела да пие до 5 литри сок на ден и имала 7 обилни оброци успеала да изгуби над 50 килограми и да направи неверојатна трансформација.
Грејс Волски, која има 33 години, цел живот се бори со вишокот килограми и нездравите навики. Таа секогаш била дебело дете, но во еден момент ја преминала и таа граница.
„Кога сфатив колку имам килограми, бев шокирана. Едноставно не бев свесна за моите димензии до тогаш. Тој ден решив дека ќе го трансформирам моето тело”
„Игнорирав сè – моите мисли, чувства, подвижност. Не се чувствував добро, целосно се срамев од тоа како изгледав”, се сеќава таа.
Одењето на кратко патување со нејзиното семејство влијаело на нејзината одлука:
„Поради дебелината не можев да се движам добро, бев во ред заедно со луѓе кои имаат големи здравствени проблеми, тие беа хендикепирани уште од раѓање, а јас тоа си го сторив самата на себе. Знаев дека нешто мора да се промени“, вели таа.
View this post on Instagram
Иако испробала многу диети и методи за слабеење, сметала дека на проблемот со дебелината мора да му се пристапи поинаку:
„Јас сум на програма што значи дека не мора да одам во теретана. Одењето е моја активност. Бев исто така цврста во мојата одлука да јадам само кога сум гладна. Почнав да учам да се сакам себеси, што е исто така важна работа “, рече таа.
„Некогаш прескокнував појадок, а за ручек ја јадев целата пица, најголемата. Еден од моите оброци изгледа како да е подготвен за 4 лица”.
Верувале или не, таа го елиминирала шеќерот од исхраната и резултатите брзо станале видливи.
„Моето тело реагираше веднаш, и јас само го елиминирав шеќерот од мојата исхрнаа. Ќе бидам целосно искрена, беше тешко, но јас бев решена да успеам. Сè е во нашата глава, ако сакаме нешто доволно, тогаш можеме да го постигнеме ”
„Многу е важно да го слушате вашиот организам, тој ќе ви каже сè. Не се потребни ригорозни диети. Ако внимателно слушаме, ќе знаеме кога ќе ни биде доволно”, вели таа, додавајќи дека е исто така многу важно да се физички активни и најдете активност што најмногу ви се допаѓа.
„Ако не уживаме во тоа, тоа значи дека не е добро за нас“, заклучува таа.
View this post on Instagram