Наполи беше казнет со службен пораз од 0:3 и повлекување на еден бод од средството, откако тимот не се појави на мечот со Јувентус како гостин на почетокот на овој месец во шампионатот во Серија „А“.
Наполи не отпатува за Торино на мечот на 4 октомври, велејќи дека локалниот здравствен орган (АСЛ) им рекол на играчите да останат дома откако двајца членови на нивниот тим имале позитивен тест за КОВИД-19. Сето ова доведе до тотална конфузија во федерацијата со оглед на неодредените правила за вакви ситуации.
Уште пред да стане јасно дека тие нема да се појават, Наполи напиша писмо со барање да се одложи натпреварот. Но, Лигата го одби нивното барање, што значеше дека тимот на Јувентус отиде на стадион, како и вклучени официјални лица, судии и беше вклучено осветлувањето на стадионот. Судиите официјално објавија дека стартот на натпреварот е одложен за 45 минути, што после тоа така и не се одигра.
Дисциплинската комисија во Лигата го отфрли тврдењето на Наполи за несовладливи бариери за непојавување и рече дека постои јасен здравствен протокол за Серија „А“, кој што не бил следен
Во моментов не е јасно каква е реакцијата на Наполи, кој тешко дека би бил среќен, бидејќи најавија дека се придржуваат само на прописите на локалниот здравствен орган АСЛ. И пред денешниот состанок, наполитанскиот клуб се закани дека ќе поднесе жалба за евентуална одлука и ќе преземе правни активности доколку не биде одреден нов датум за натпреварот.
Наполи, кој започна со две победи, има 5 бода по денешната одлука. Јувентус има 7.
Влатче Зорба