Службен автомобил на јапонскиот премиер удрил во полициско возило

Сподели со своите пријатели

Службениот автомобил на јапонскиот премиер Шигеру Ишиба утринава се судри со полициско возило во Токио, но нема повредени, соопшти владата.

Loading...

Во соопштението се наведува дека до судирот дошло кога службениот автомобил на премиерот тргнал во рикверц откако Ишиба излегол од возилото за да влезе во хотелот, по што удрил во полициско возило, објави Кјодо.

Забележано е дека во судирот возилата се здобиле со помали гребаници.

Во декемвриска несреќа учествуваше и автомобил наменет за превоз на премиерот, кој удри во полициско возило запрено на семафор во западната јапонска префектура Тотори, но нема повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја објавија првата снимка од носач на дронови и хеликоптери. Се гледа е и „невидливиот“ дрон