Слушнете го првиот бенд кој свири под вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Данскиот бенд „AquaSonic“ е првиот бенд кој својата музика ја изведува под вода.

Loading...

Композициите се специјално смислени да поддржат звуци под вода, како и да се синхронизираат со моментите кога музичарите мораат да изнуркаат од водата за да вдишат воздух, со оглед на тоа дека свират и пеат потопени во посебно направени аквариуми.

Тие со години експериментирале со звуцит екои можат да се створат под вода, па дури направиле и инструменти со помош на научниц, нуркачи и занатчии, кои можат да функционираат и кога се потопуваат.

Дури и самото стаклно од аквариум е рпедмет на произведување на звуци, а пејачката има специјални методи кои испуштаат гласови под вода или на самата површина.

– Голем е предизвикот да се изведува музика во живо под вода. Оваа конструкција создава изведувачите да бидат многу присутни, не можете туку така во таа ситуација да мислите за нешто друго. Мислам дека тоа е нешто што публиката може да го почувствува, изјавил коосновачот на бендот Роберт Карлсон.

„AquaSonic“ денес има пет члена, а биле потребни цели 11 години експериментирање за да дојдат до звуците кои денес ги произведуваат.

Leave a Reply