Случајот „Диво насеље“ зад затворени врати се враќа во судницата

Сподели со своите пријатели

Денеска продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“ по едномесечна пауза, а во Кривичниот суд во Скопје денеска рочиштето повторно е затворено за јавноста.

Причина што рочиштето се уште се одвива зад затворени врати е што се сослушуваат заштитени сведоци и полицајци кои учествувале во акцијата.

Вкупно 29 лица се обвинети дека сториле кривично дело терористичко организирање и тероризам, а мна 9 и 10 мај минатата година во кумановската населба Тоде Мендол влегоа во вооружена пресметка со полицијата.

Случајот беше враќан на почеток откако судијата одлучи осум лица од предметот „Молња“ да се спојат со предметот Диво насеље, поради тоа што биле логистичка поддршка на осомничените за тероризам.

Во вооружените пресметки и мини војната, животот го загубија повеќе полициски службеници, а голем број беа ранети.

Обвинетите се жалат дека ги третираат нехумано, но велат дека не се терористи, туку дека им било платено да извршат таков напад.

 

Loading...