Случајно откриена нова најтемна црна боја во светот

Сподели со своите пријатели

Пред неколку години, една компанија направи црна боја, која ја нарекоа најтемната црна боја досега.

Loading...

Оваа боја е позната како „Vantablack“ и се вели дека има можност да апсорбира 99.965 проценти од светлината. Ако мислевте дека е лудо, изгледа дека научниците од МИТ сосема случајно направиле уште потемна верзија на бојата од оваа.

Научниците експериментираат да добијат јаглеродни наноцевки изработени од специјална алуминиумска фолија за подобрување на неговите електрични и термички способности. Како и да е, во овој процес, изгледа дека го завршија со создавање материјал толку црн, што сфатиле дека апсорбира дури 99,995 проценти од светлината, што го направи поцрн и од Vantablack.

За да ги презентираат резултатите, тие зеле дијамант од 16,78 карати и го покриле со овој материјал, пишува ubergizmo.com. Тој во моментов е прикажан на изложбата наречена „The Redemption of Vanity“ во Њујорк каде наместо да претставува од најсјајните и најсветлите дијаманти во светот, тој е поставен да изгледа како рамен црн камен.

Научниците веруваат дека овој материјал може да се користи на многу начини, а еден начин е да биде дизајниран како оптички заслепувач е да го намали несаканиот сјај и да им помогне на вселенските телескопи да бараат нови планети.

Од друга страна, Vantablack ја најде својата примена во автомобилската индустрија, каде што BMW го искористи за да го покрие својот нов модел со овој материјал.

Leave a Reply