Словенија: На сила е црвен метео аларм, заседава Советот за национална безбедност

Сподели со своите пријатели

Во Словенија денеска поради поплави е на сила црвен метео аларм во поголем дел од земјата, со исклучок на Приморска, на запад.

Loading...

Поради високиот водостој на Сава, кампот во Чатешки Топлице е евакуиран во текот на ноќта, а Чрна во Корушка е отсечена од светот, јави Радио-телевизија Словенија.

 

 

Нивото на реките во централна и источна Словенија продолжува да расте по врнежите во текот на ноќта.

Во општините Брежице и Кршко пожарникарите поставија кеси за заштита од поплави.

Сава веќе во петокот вечерта го поплави помошното фудбалско игралиште во Кршко.

Loading...

Словенечката армија во текот на претпладнето ќе се обиде да се пробие до Черна во Корушка, каде луѓето се без вода, струја и сигнал од мобилен телефон.

Во текот на ноќта врнеше претежно умерен дожд, а врнежите се зголемени во последните неколку часа, изјави за Радио Словенија Вероника Хладник Закотник од Арса.

Таа рече дека најобилните врнежи поминале, но нивото на водата ќе продолжи да расте.

Хладник Закотник истакна дека од средината на денот во четвртокот до сега во поголем дел од Словенија наврнале меѓу 50 и 100 литри на метар квадратен, а во некои делови паднале и до 300 литри.

Советот за национална безбедност ќе заседава во 11 часот, по што ќе следи итна седница на владата.

„По саботната владина седница ќе поднесеме измена на законот за отстранување на последиците од елементарни непогоди“, најави во петокот вечерта премиерот Роберт Голоб, нагласувајќи дека на овој начин ќе се олесни помошта за општините.

Ќе се разгледа и можноста за отворање продавници во недела за луѓето денеска да не излегуваат од домовите и непотребно да се изложуваат на опасност.

Безбедноста на граѓаните е на прво место, рече Голоб, наведувајќи дека ова е веројатно најтешката природна катастрофа што ја погоди Словенија во изминатите три децении, пренесе СТА.

Loading...

 

 

Голоб рано го заврши својот летен одмор за да се сретне со претставници на Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи во петокот попладне.

Од нуклеарната централа Кршко во петокот соопштија дека електраната работи безбедно и стабилно и дека поради големиот проток и високото ниво на реката Сава будно ја следат состојбата, а персоналот на централата е во готовност.

 

 

Loading...

Сите надлежни служби работат на отстранување на тешките последици од невремето кое однесе три животи.

Според потврдени информации од полициската управа, една жена била однесена од вода во областа Камник, а двајца холандски планинари загинале од гром во планините во областа Крање.

Службата за управување со вонредни состојби на ЕУ Коперник беше активирана на барање на словенечките власти за да помогне во одговорот на тековните големи поплави и одрони во земјата, објави вчера европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, пренесува Танјуг.

Набљудувањето на ситуацијата поддржано од сателит ќе помогне во случај на катастрофа и на другите власти да одговорат на силните поројни поплави што го погодија поголемиот дел од земјата, според агенцијата СТА.

 

Loading...