Словенија денеска одлучи да го затвори својот воздушен простор за руски авиони, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.
Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор од авиони регистрирани во Русија или во сопственост на руски оператори, а одлуката ќе стапи на сила веднаш и ќе важи „додека постојат причини“.
Дополнително, Владата на Словенија му одобри на Меѓународниот комитет на Црвениот крст 100.000 евра за хуманитарна помош за Украина.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша вечерва свика седница на Советот за национална безбедност, на која беа поканети и претседателите на опозициските партии.
Многу земји, меѓу кои Велика Британија, Полска, Бугарија, Чешка, Летонија, Литванија и Естонија, го затворија својот воздушен простор за руските авиокомпании.