Во нематеријалното културно наследство на Словенија неодамна беа регистрирани партизански песни, објавија медиумите.
Словенечките партизански песни се појавија за време на Втората светска војна, а по војната имаше богата продукција на композиции за партизански песни напишани за хорови.
Иницијативата за запишување на партизански песни во регистарот на словенечкото нематеријално наследство ја даде Партизанскиот хор кој функционира како здружение во Љубљана.
Околу стотина песни беа вклучени во регистерот со цел да бидат зачувани за идните генерации.
Во соопштението на словенечкото Министерство за култура се наведува дека словенечките партизански песни потекнуваат од народни борбени песни, а настанале за време на Втората светска војна.
Во почетокот партизански, но и борбени, патриотски, работнички и револуционерни песни се пееле групи партизански борци кои биле дел од театарски или културни групи кои настапувале на културни манифестации во партизански единици или на ослободени територии.
По Втората светска војна, партизанските песни беа столб на државната музичка продукција и дел од формалното образование.
По 1991 година, овие песни се изведуваа најчесто на неформални места, но во изминатите неколку години бројни хорови и пејачки групи повторно ги открија партизанските песни и нивниот културен потенцијал.