Словенија: ЕУ треба да ја казни и Хрватска по примерот на Полска

Сподели со своите пријатели

Хрватските медиуми пишуваат дека Словенијас ака од Европската унија и против Хрватска да се активира членот 7 од Лисабонскиот договор, затоа што таа земја не ја признава арбитражната постапка.

Хрватскиот весник „Нови лист“ пишува дека помеѓу словенечките политички кругови од претходно постоела идејата да се претстави како системско кршење на меѓународното право излегување на Хрватска од арбитражниот договор. Сепак, таквата идеја не била одобрена од страна на Брисел.

Според словенечките политичари, напуштањето на овој договор од страна на Хрватска е системско кршење на меѓународното право.

Loading...

Спорот помеѓу Словенија и Хрватска се однесува на поморската граница меѓу двете држави, за делот познат како Пирански Залив.