Словенија бара отштета од Русија за уништениот конзулат во Харков

Сподели со своите пријатели

Словенија денеска му врачи протестна нота на рускиот амбасадор во Љубљана поради уништувањето на просториите на словенечкиот конзулат во Харков и побара отштета.

Loading...

Министерството за надворешни работи го поканило на разговор рускиот амбасадор Тимур Ејвазов, а државниот секретар Гаспер Довзан му врачил протестна нота со барање за обештетување, соопшти МНР на Словенија, пренесува Хина.

Во нападот на Хакров во вторникот беше уништена и административната зграда на централниот плоштад каде што се наоѓаше словенечкиот конзулат.

Почесниот конзул Анатолиј Бондаренко не е повреден во нападот и е безбеден.