Словенец пронајден мртов во Тајланд, имал пластична кеса на главата

Сподели со своите пријатели

Словенец е пронајден мртов во дневна соба во градот Патаја, Тајланд.

Loading...

Телото било откриено во средата со докази кои укажуваат на можноста дека си го одзел животот, пренесува Бангкок пост.

Телото на Петер Вагнер, 47-годишен словенечки државјанин, облечен во црни шорцеви и зелена маичка, било пронајдено на кауч во соба на 29 кат од зградата.

Неговата глава била покриена и завиткана во пластична кеса, со гумена цевка поврзана со плинска боца.

По увидот, полицијата не пронашла знаци на борба или докази дека собата била ограбена. Се чини дека мажот не претрпел физички напад.

Истрагата покажала дека Вагнер во станот престојувал околу еден месец.

Неговата смрт ја открил службеник во станот кој ја отворил просторијата за преглед по неуспешните обиди да дојде до него по телефон.

Првите проценки упатуваат на самоубиство.

Loading...

Полицијата во моментов води истрага за утврдување на точната причина за смртта и стапила во контакт со роднините на починатиот.

Телото е испратено во болница на обдукција.