Словачкиот премиер Роберт Фицо утре ќе се сретне со Трамп во Флорида

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида за време на неговата работна посета на Соединетите Американски Држави, објави денес Службата за медиуми и информации на словачката влада.

Фицо и Трамп ќе се сретнат утре во 15:30 часот по локално време во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, според соопштението, пренесува TASR.

Фицо замина за САД во четврток попладне, а денес околу 15:00 часот по локално време ќе се сретне во Вашингтон со американскиот секретар за енергетика, Кристофер А. Рајт.

Потоа, како што е најавено, ќе присуствува на церемонијата на потпишување на договорот меѓу владите на Словачка и САД за соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ќе се случи со Гренланд? Ова се четири можни сценарија

Со Фицо отпатуваа и словачката министерка за економија Дениса Сакова и министерот за надворешни работи Јурак Бланар.