Словачка прогласи вонредна состојба!

Сподели со своите пријатели

Словачката влада денеска прогласи вонредна состојба поради напливот на странци во земјата, јавуваат словачките медиуми.

Loading...

Како што се наведува, целта на воведувањето на вонредната состојба, која стапи на сила точно напладне, е да се создадат неопходни услови за отстранување на последиците од масовниот прилив на странци на територијата на Словачка.

Претставници на владата и други органи се задолжени за преземање мерки за цивилна заштита на населението, за решавање на кризни состојби за да не се загрозат животите, здравјето и имотот на жителите на земјата, пренесува Интерфакс.

Во текот на изминатиот ден источната граница на Словачка ја минале 10.500 лица.

Пред почетокот на кризата во Украина, словачките граничари забележале околу 1.500 премини на источната граница на земјата.