Словачка не ги префрла своите авиони во Украина

Сподели со своите пријатели

Словачка не планира да ги префрли своите авиони во Украина, изјави портпаролката на Министерството за одбрана, Мартина Ковал-Какашикова.

Таа рече дека никогаш не било покренато прашањето за префрлање на авиони во Украина, пренесува РИА Новости.

– Не можеме да пренесеме (во друга земја) толку важен елемент за заштита на нашиот воздушен простор без соодветна замена, истакна Коваљ-Какашчикова.

Прес-службата на украинската морнарица претходно соопшти дека Бугарија, Полска и Словачка ќе и префрлат 70 борбени авиони МиГ-29 и Сухој-25.

Властите на Полска и Бугарија веќе најавија дека нема да ги префрлат своите авиони во Украина.