Слободни интернет зони низ градот, најави кандидатот за советник Павловски

Сподели со своите пријатели

Слободни интернет зони на повеќе локации во градот, но и оналјн достапност на јавните институции под надлежност на Општина Куманово, денеска на прес конференција пред партискиот штаб, најави Владимир Павловски, кандидат за советник на СДСМ.

Како што вели Павловски во време кога граѓаните поголемиот дел од слободното време го минуваат на интернет, неопходно е преку социјалните мрежи и веб страната на општината, активностите на локалната самоуправа и добивањето информации од јавен интерес да се одвива онлајн.

– Во време кога граѓаните поголемиот дел од слободното време го поминуваат на интернет и на социјалните мрежи неопходно е присуство на сите јавни институции онлајн со цел обезбедување лесна достапност на информации за услугите, информации за вработените, за работните процедури и директно преземање на документи преку интернет. Со тоа ќе се скрати времето за одговарање на чести прашања, непотребни гужви пред шалтерите за барање на информации. Како општина ние ќе обезбедиме онлајн присуство на сите институции под надлежност на Општина Куманово, преку сосптвена официјална вев страна со цел поголемо доближување на институциите до граѓаните, лесна достапност на информациите и поголема транспарентност. Исто така ќе работиме на воведување широкопојасен стабилен интернет пристап, слободни интернет зони на повеќе локации низ Куманово со цел секој граѓанин да може во секој дел од градот или надвор од својот дом да има пристап до онлајн информации – рече Павловски.