Новопечен пар на социјалните мрежи објави фотографија од нивната венчавка, која го шокираше интернетот.
Имено, на фотографијата младоженецот седи во автомобил додека невестата клечи на страна, во бела венчаница и со неа ги брише гумите. Покрај тоа, тој и покажува со прст каде на друго место треба да избрише, пренесува Mirror.
Едниот прашал во коментар дали жената воопшто има самодоверба, а другата додала дека целата фотографија е всушност многу тажна.
„Еден ден можеби ќе има ќерка која ќе го види ова.
Во коментарите имаше и жестоки осуди, па дел од младенците изјавија дека е сексист и дека ја понижува својата сопруга. Некои застанаа на страната на парот и претпоставуваа дека се работи за шега и дека луѓето треба да го прават само она што ги прави среќни и насмеани.
„Исто така, ако и двајцата сакаат автомобили, тогаш не гледам ништо лошо во оваа фотографија“, заклучи едно лице.